Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата од 693,15 метри надморска височина или 34 сантиметри под просекот за  март (693,49 м.н.в).

Денешниот водостој на езерото е само пет сантиметри над дозволениот минимум.

Неделната анализа покажува дека водостојот константно сите денови бил на кота од 693,15 м.н.в., исто како и денешната.

Температурата на водата денес изнесува 7 степени што е во рамки на просекот за месец март.

Н.С.Ј.