Нивото на Охридско Езеро е 5 сантиметри над дозволениот минимум утврден на котата 693,10 метри надморска височина (м.н.в.) и два сантиметри под минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи нивото на Охридско Езеро денес е на кота 693.15 м.н.в, што е 17 сантиметри под просекот за месец декември.

Температурата на водата е 8 степени, а просекот за овој месец е 9,3 степени.

Н.С.Ј.