Нивото на Охридско Езеро според неделните анализи на Управата за хидрометеоролошки работи е во благ пораст.

Денес нивото е на кота 693.61 м.н.в. што е за три сантиметри над просекот за месец јули кој изнесува 693.58 м.н.в. Изминатата недела нивото на езерото било на кота два до три сантиметри над просекот (693.60 и 693.61 м.н.в.).

Температурата на водата во рамки на неделната анализа вклучително и денес е под просекот за месец јули. Денес се измерени 19 степени.

OhridNews