Водостојот на Охридско Езеро е деветнаесет сантиметри под просекот за ноември покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Според мерењата нивото е на кота од 693.10 м.н.в., додека просекот за месец ноември изнесува 693.29 м.н.в. Нивото на езерото денес е на природниот минимум (693.10 м.н.в) и седум сантиметри под минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).

Неделната анализа покажува опаѓање од сантиметар до два на нивото од првиот ден кога било на кота од 693.13 м.н.в., до денешното.

Н.С.Ј.