Нивото на Охридско Езеро последната недела од минатиот месец го достигна просекот за февруари од 693,39 м.н.в., но првиот ден од новиот месец е десет сантиметри под мартовскиот просек.
Според денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи нивото денес е на кота од 693,39 м.н.в., а просекот за месец март е 693,49 м.н.в. Нивото е сепак 29 сантиметри над минимално дозволеното (693,10 м.н.в).
Температурата на водата е 9 степени и е повисока од просечната (7,6).
OhridNews