Нивото на Охридско Езеро изминатава недела според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи било константно на кота од 693,40 м.н.в. На истото ниво се наоѓа и денес, со што е девет сантиметри под просекот за месец март е 693,49 м.н.в.
Нивото е моментално 23 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в), односно 30 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в).
Температурата на водата е 9 степени и е повисока од просечната (7,6).
OhridNews