Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.74 м.н.в, односно девет сантиметри над просекот за мај кој изнесува 693.65 м.н.в, покажуваат мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И неделната анализа покажува дека нивото се движелo на кота од 693.75 м.н.в во првите пет дена, по што се намалило за еден сантиметар достигнувајќи го денешното.

Температурата на водата денес е 17 степени што е за два степена над просекот за мај.

OhridNews