Според утринските мерење на Управата за хидрометеолошки работи нивото на Охридското Езеро денеска е на кота 693,20 метри надморска височина (м.н.в.), што е за 10 сантиметри над природниот минимум.
Минимална кота на Охридското Езеро е 693,10 м.н.в. а максимална 693,75 м.н.в. Сепак нивото е сеуште далеку зад просекот за декември кој е 693,32 м.н.в.
Температурата на водата утрово е 9 степени, што е во рамки на просекот за декември.
OhridNews