Продолжува трендот нивото на Охридско Езеро да е далеку зад просекот во тековниот месец. И ако нивото беше далеку зад просекот во декември, истото продолжува да е далеку зад просекот и во јануари.
Според утринските мерење на Управата за хидрометеолошки работи нивото на Охридското Езеро денеска е на кота 693,21 метри надморска височина (м.н.в.), што е за 14 сантиметри под просекот за јануари кој изнесува 693,35 м.н.в.
Нивото на езерото е 11 сантиметри над природниот минимум 693,10 м.н.в., додека температурата на водата утрово изнесуваше 8 степени, што е малку над просекот за јануари (6.8).
Н.С.Ј.