Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.17 м.н.в. што е за четиринаесет сантиметри под просекот за октомври (693.31 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Според податоците од УХМР нивото на езерото е 7 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и на минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).
Неделната анализа покажува благо опаѓање на нивото на езерото од првите денови во неделата кога било на кота од 693.19 м.н.в. до денешната од 693.17 м.н.в.
Н.С.Ј.