Нивото на Охридско Езеро според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се наоѓа на кота од 693,53 м.н.в. Со тоа е четири сантиметри под просекот за април кој изнесува 693,57 м.н.в.
Неделната анализа покажува дека нивото првите два дена било на кота од 693,52 м.н.в., додека следните денови за еден сантиметар се зголемило достигнувајќи го денешното од 693,53 м.н.в.
Температурата на водата денес е 13 степени, што е над просекот за април кој изнесува 10,3 степени.
OhridNews