Нивото на Охридско Езеро се наоѓа на кота од 693,48 м.н.в. покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа е за еден сантиметар под просекот за март кој изнесува 693,49 м.н.в.
Неделната анализа на УХМР покажува дека првите четири дена водостојот бил на кота од 693,47 м.н.в., додека следните три дена бележи пораст од еден сантиметар и се наоѓа на кота како и денешната.
Температурата на водата изминатава недела вклучително и денес е 10 степени што е над просекот кој изнесува 7,6 степени.
OhridNews