Според утринските мерење на Управата за хидрометеолошки работи нивото на Охридското Езеро денеска е на кота 693,22 метри надморска височина (м.н.в.), што е за 13 сантиметри под просекот за јануари кој изнесува 693,35 м.н.в.
Нивото на езерото е 12 сантиметри над природниот минимум 693,10 м.н.в., додека температурата на водата утрово изнесуваше 7 степени, што е во рамки на просекот за јануари.
За една недела нивото е зголемено само за еден сантиметар.
Н.С.Ј.