Нивото на Охридското Езеро бележи континуирано опаѓање во последните две недели. Според  последните  мерења, водостојот на езерото денеска се наоѓа на 693,82 метри надморска височина  или 7 сантиметри над максимално дозволеното ниво.

На 2-ри април нивото на езерото беше 14 сантиметри над горната граница, така што може да се каже дека, нивото на водата на Охридското Езеро секој ден опаѓал за еден сантиметар. Испустот на вода од езерото во Црн Дрим кај Струга изнесува околу  70  метри  кубни  во секунда. Водостојот на реките од сливното  подрачје на езерото исто така  бележат константно опаѓање.

Највисокиот водостој на Охридското Езеро во изминатиот период беше измерен во средината од месец март и изнесуваше 26 сантиметри над максимално  дозволената кота од 693,75 метри.

OhridNews