Според утринските мерење на Управата за хидрометеолошки работи нивото на Охридско Езеро денеска е на кота од 693,19 метри надморска височина (м.н.в.), што е 20 сантиметри под просекот за февруари кој изнесува 693,39 м.н.в.

Нивото на езерото е 9 сантиметри над природниот минимум 693,10 м.н.в. Неделната анализа покажува намалување на нивото за еден до два сантиметри од првиот ден кога било на кота од 693,21 м.н.в. до денешното.

Утрово температурата на водата изнесуваше 9 степени, што е за 2,5 степени над просекот за февруари.

OhridNews

фото. А. Момироска