За безбедноста на 16-те  претседатели на држави, амбасадорите и околу 350 членови на делегации кои ќе земат учество на Самитот на претседатели што од  2-5 мај годинава ќе се одржи во Охрид, ќе се грижат 2-3000 полицајци. Нивото на безбедност практично ќе биде еднакво на тоа од минатата година кога во Охрид се одржуваше Форумот на НАТО, изјавија за ohridnews, претатвници од кабинетот на претседателот Црвенковски кој ќе биде домаќин на самитот.


Големи полициски сили ќе го обезбедуваат претседателскиот Самит во Охрид

Деновиве ќе бидат дефинирани маршутите по кои ќе се движат високите делегации. Предвидено е покрај работниот дел  високите гости  да имаат прошетка со брод по Охридското Езеро и да ги посетат културно историските знаменитости на Охрид. Слично како и за Форумот на НАТО во времето на проаѓање на претседателите одрдени улици во градот, пред се булеварот „Туристичка“ и улиците во централното градско подрачје времено ќе бидат затворени и таму ќе важи посебен режим на сообраќај. Покрај физичкото обезбедување за безбедноста на делегациите ќе биде иснталирана посебна опрема, а пречекот и  ипраќањето на делегациите ќе го координира посебен безбедносен штаб.

Учесниците на  Самитот на претседатели на земјите од Централна Европа ќе пристигнуваат на аеродромот  „Св. Апостол Павле“. Според одговорните, аеродромот во Охрид е подготвен за прифаќање на авионите со кои ќе дојдат претседателите . Досега е потврдено слетување на 15 авиони: неколку „Ербаси А310“,„Тупољеви“  „Иљушини“, „Фалкони“ и други авиони.

ohridnews