Ново лето стари навики на поединци од угостителските објекти, тезги и други објекти во центарот на Охрид. Речиси нема ноќ, а  просторот каде се наоѓаат подземните контејнери на булевар „Македонски Просветители“ да не биде затрупан со смет. Оваа грда слика ја гледаат илјадниците гости кои постојано ги има во центарот на градот.

Од јавното комунално прептријатие ни изјавија дека и ова лето сметот од центарот се подига три пати во денот, дополнитело просторот каде тој се одлага ѓубрето се чисти, а формирана е и дежурна служба.

-И покрај нашите напори постојано се одлага отпад таму каде што не му е местото. Нашите служби повеќе собираат отпад покрај контејнери отколку од нив, што сериозно го нарушува процесот на работа. Ние не можеме колку и да сакаме да го исчистиме градот доколку граѓаните не ни помогнат. – вели директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски.

Една од идеите во справувањето со ваквите појави е да се ангажираат комунални редари чија задача ќе биде да ги откриваат и санкционираат прекршителите на комуналниот ред.

OhridNews