Локалната самоуправа алармира дека состојбата околу нивото на Охридското Езеро е загрижувачка и ги повика надлежните служби на централно ниво да преземат мерки за надминување на кризата.
Наспроти ова центтралната власт смета дека нема опасност од излевање на Охридското Езеро и дека локалната самоуправа ја злоупотребува настанатата ситуација. Оттаму најавуваат дека министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратениците Грозданов, Николоски и Кипаризова, денеска ќе го посетат Пештани кое е зафатено од поплави, по што се очекува тие да дадат изјави за медиумите.