Во општинското средно училиште ” Свети Климент Охридски” во августовскиот рок се пријавиле 13 ученици. Таму остануваат 38 места за гимназиската, 10 за здравствената и 7 за економската струка.
Само 11 осмоодделенци се пријавиле да го продолжат средното образование во Електромашинскиот училиштен центар “Свети Наум Охридски” каде што има 134 слободни места во машинската, 80 во електро-техничката, 35 во сообраќајната и 34 во дрвопреработувачката струка.
Слободни места има и во угостителското туристичко училиште “Ванчо Питошески ” каде што деновиве се пријавија 13 идни средношколци. Овде има 43 непополнети места за келенери, 17 за готвачи и 4 места за хотелско-угостителски техничари.
Средното образование од годинава е задолжително, а родителите коишто нема да ги запишат децата во некое од средните училишта ќе се казнуваат парично.