Најголемиот дистрибутер на пијалаци во регинот, Дисконт „Рај“, широката палета производи ја збогати со исклучителната природна нискоминерализирана вода „Пролом“.

Изворот на „Пролом“ вода се наоѓа на источните падини на планината Радан, која му припаѓа на најстариот вулкански масив на овие простори. Целата област на планината Радан претставува своевидна еколошка оаза, затоа што во дијаметар од 50 km нема никакви индустриски постројки ниту пак прометни сообраќајници.

„Пролом“ вода припаѓа на групата нискоминерализирани, високоалкални бикарбонатни води. Поседува диуретички и бактериостатски ефект. Ниската минерализација овозможува да може да се пие во големи количества, а минералниот состав им одговара на сите категории на потрошувачи: деца, бремени жени, возрасни, спортисти и рекреативци.

Нискоминерализираната, високоалкална бикарбонатна вода „Проом“ пристигна во Охрид

Пиењето на „Пролом“ вода благотворно делува на болестите на бубрезите и на уринарниот тракт, како и на болестите на органите за варење,

На својот пат од изворот до потрошувачите, „Пролом“ вода минува низ комплетно затворен систем без било какви физички или хемиски третмани. Својот прв контакт со надворешниот свет Пролом вода го остварува кога ќе го отворите шишето!

Од сега „Пролом“ вода и во Охрид во продажните места на Дисконт „Рај“ и трговската мрежа.

OhridNews