Јавното претпријатие „ Нискоградба“ во периодот од 01.01.2015. –  30.06.2015 остварило добивка која  изнесува 5.428.869 денари , односно за овој износ вкупните приходи ги надминуваат вкупните расходи.

– Остварената добивка е резултат на зголемениот обем на работни активности кои се презедоа во изминатоит период, потенцираат од претпријатието.

Во периодот Јануари- Јуни 2015 извршено е инвестиционо проширување на мрежата за одведување на отпадни и атмосферски води ( изградба на улична фекална и атмосферска канализациона мрежа ) според барања од Локалната самоуправа на Општина Охрид во должина од 948 метри. Извршени се градежни активности на следните локации: Фекална канализација : Населба Лескајца, Долно Коњско,  Долно и Горно Лакочереј. Атмосферска Канализација: Населба Даљан, ул.’’ Пере Тошев’’, Пешачка патека Студенчишта- Хотел Парк , Кружен тек Бистрица- бул. Туристичка, Село Горно и Долно Лакочереј и  Ул.’’ Коста Абраш’’. Во изминатиов период се изведени шахти и завршни градежни работи од кои: Извршена е санација и поплочување со бекатон елементи во Општина Охрид, Поставени се армирано бетонски капаци за шахти во Детска градинка’’ Билјана’’, изградена е пешачка патека од бекатон елементи околу нивоизградениот стадион со вештачка трева во СРЦ Атина Бојаџи, извршено е уредување на двор на ОУ’’ Кочо Рацин’’, Извршена е изработка на тротоар Ул. ’’Никола Карев’’ ( Историски Архив) и Уредување на пешачка пастека (шеталиште ) с. Пештани.

– Со новиот менаџмент и современиот пристап на решавање на проблемите на граѓаните Јавното претпријатие е се поприсутно во секојдневниот живот на Охриѓани и со својата работа придонесува за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Охрид, велат од „ Нискоградба“.

Покрај изведените градежни активности ЈП Нискоградба работеше на Изведба и одржување на вертикална и хоризонтална сигнализација на ниво на Општина Охрид, како и редовно одржување на мрежата за одведување на отпадни и атмосферски води.

OhridNews