Пред почетокот на летото во Охрид ќе започне со работа новото Јавно претпријатие за  изградба, одржување, реконструкција на локални патишта и хидротехнички објекти „Нискоградба“ Охрид. Ова препријатие ќе се формира врз основа на одлуката која ја донесе Советот на Општина Охрид, на својата последна седница. Покрај одлуката за формирање на ова препријатие, беа донесени и одлуки за именување на членови во Управниот и Надзорниот одбор на претпријатието.

Според советниците, функциите кои ќе ги обавува ова препријатие веќе биле извршувани во дел од техничките служби на МЈП Проаква и преку Фондот за комунален развој, а со формирање на Јвно препријатие ќе се постигне поголема ефикасност на истите.

Локалната самоуправа и мнозинството на Советот смета дека треба да се концентрираат тие дејности во еден правен субјект, бидејќи досегашното искуство и искуството на Битола, Скопје и другите поголеми градови укажува на фактот дека е потребно формирање на вакво препријатие во Охрид. Со тоа во суштина ќе се добие поголем квалитет на услугите на граѓаните во сверата на изведба и одржување на локалните патишта и улици-вели Владо Цветкоски, советник во Општина Охрид.

Тој објаснува дека препријатието ќе го сочинуваат две работни единици, едната за изведување на водоводна, а другата за изведба на локална  патна мрежа.

Седиштето на препријатието ќе биде сместено на улица Железничка, каде што во моментов е сместена оперативата на МЈП Проаква, односно работна единица водовод Охрид. Значи поголемиот дел од вработените на новото препријатие ќе бидат вработените кои во моментов се ангажирани во оваа работна едниница. На составот на оваа еднициа, при формирање на Јвното препријатие  ќе биде додадена уште една работна единица за изградба и реконструкција на локални патишта и улици-вели Цветкоски.

Е.Е.