Утрово во Охрид измерени се 9 степени Целзиусови, додека најстудено било на Попова Шапка каде се измерени 3 степени.

Времето во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево со мала, во западните делови со умерена локална облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови во западните и северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во југозападните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе достигне од 16 до 24 степени.

Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Температурите во следниот период ќе се задржат пониски, а кон средината на неделата наместа се очекуваат и пообилни врнежи.

OhridNews