И во новата година, старите, лоши навики на поединци не се менуваат. Градежниот шут и понатаму завршува покрај планинарските патеки низ националниот парк Галичица.

За жал, ниту напорите за подигање на јавната еколошка свест, заканите за казни од надлежните не вродија со плод-најубавите делови од околината на Охрид и понатаму служат како дива депонија, каде поединци си го одлагаат отпадот.

 

Рекреативци и вљубеници во природата коментираат дека при секое искачување, се забележуваат нови купишта отпад, поради што некои од локалните мештани се обиделе со големи камења да го блокираат пристапот кон патеките, но сето тоа засега завршува безуспешно.

  OhridNews