Познатиот Охридски DJ и музички селектор Ванчо кој настапува како Vanco Play, ќе биде дел од јубилејното 30 издание на познатиот Нишвил Џез Фестивал („Nisville Jazz Festival“), што се одржува во Ниш, Република Србија.
Dj Vanco Play кој зад себе има долгогодишно музичко искуство, на овој реномиран џез фестивал ќе настапи на познатата „Midnight Jazzdance“ сцена.
Нашиот Ванчо, кој е омилен диџеј на генерации охриѓани, на Нишвил џез фестивалот ќе настапи заедно со светски познати музички изведувачи како Arrested Development, Brooklin Funk, Jany Mcpherson, Black Uhuru, како и бројни познати музички имиња од регионот.
Г.М.