Најславниот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит наводно имале жестока кавга и раскинале, а причина е опивањето и дрогирањето на Бред. Како што пренеле порталите, Се скарале околу нејзината љубомора и се почестите префрлања на актерката кои актерот го вратиле назад кон пороците.
Иако Бред негира дека користи дрога, Анџелина била убедена дека повремено зад нејзиниот грб пушел марихуана, па дури и земал тешки опојни дроги. Исто така и сметало тоа што тој често пиел. Откако се скарале, Бред го напуштил нивниот дом во Франција. Поради наведените проблеми во врската Бред одлучил да ја остави актерката со која има шест деца, па од свадбата нема да има ништо.