Охридскиот ракометен клуб не успеа да го ангажира репрезентативецот Милан Левов откако играчот и управата не најдоа заеднички јазик околу договорот.
Левов, тренираше со екипата од почетокот на зимските подготовки и прашање беше дали ќе може да игра по тешката повреда на коленото која од теренот го оддалечи година и пол.
– Тој одлично ги мина подготовките и повредата беше минато. Откако констатиравме дека може да игра тој седна со управата и разговараше, но очигледно дека преговорите не вродија со плод – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.
Охриѓани во зимскиот преоден рок го доведоа Мите Караиванов, а се ослободија од крилото Петар Николиќ и пивотменот Даниел Трајчески.
Мх.П.