Екипите на Лестер и Манчестер Јунајтед ги поделија бодовите во дерби пресметката на „Боксинг Деј“, ремизирајќи 2-2 (1-1) на „Кинг Пауер“ стадионот.

Актерите на теренот одиграа квалитетен и допадлив фудбал. Погодоци имаше во двете полувремиња, со што фудбалерите ги оправдаа очекувањата. „Црвените ѓаволи“ два пати во текот на мечот имаа водство, а, домаќините исто толку се враќаа во изедначуваа.

Манчестер Јунајтед поведе со Рашфорд. Лестер возврати преку Банрс. Во второто полувреме, Фернандес погоди за 1-2, а, Варди со мала доза на среќа реализираше за конечни 2-2.

Второпласираниот Лестер има бод повеќе од Манчестер Јунајтед, кој, пак, има натпревар помалку. „Црвените ѓаволи“ останаа на десет последователни победи во Премиер лигата и не успеаја да го израмнат рекордот од 11 победи на Манчестер Сити и Челси.

OhridNews