Европската ракометна федерација ги урна желбите на македонскиот народ бараж натпреварот за мундијалот во Катар следната година, Македонија со Грција да одигра на националната арена „Филип Втори“.

Ракометната федерација на Македонија очекувано како место на одигрување на мечот ја пријави спортската сала „Борис Трајковски“, а дуелот ќе се одигра на 15 јуни.

И грчката федерација му даде важност на овој натпревар и како град домаќин ја означи Атина. Првиот натпревар, на кој Македонија ќе биде гостин е закажан за 7 јуни.

Мх.П.