Охридскита арена „Атина Бојаџи“ беше прва опција за „домашен“ стадион на Пелистер и Младост Царев Двор по најавите за реновирање на битолскиот стадион „Тумбе Кафе“.


Реновирање на стадионот го одложија битолчани по барање на двете екипи и до крајот ќе бидат домаќините на стадионот во Битола.

Главна причина за одложувањето е борбата за опстанок на Пелистер во Првата лига и трката за влез во елитата на Младост Царев Двор.

Иако и во Охрид ќе бидат домаќини, сепак различна е атмосферата кога двете екипи играат пред своите гледачи особено тимот на Пелистер.

Охридскиот стадион во минатато често беше домаќин на натпревари од Ренова и Вардар, а Младост Царев Двор пласманот во Втората лига го обезбеди токму на „Атина Бојаџи“.

Мх.П.