Кошаркарската федерација на Македонија правото на еден натурализиран играч ќе го искористи за ангажман на Ричард Хендрикс, кој настапува за рускиот Локомотив Кубан по што пропадна шансата за враќање на Лестер Бо Мекелејб во селекцијата.
Хендрик беше дел од репрезентација во квалификациите преку кои „црвено жолтите“ обезбедија пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во четири земји.
Откажувањата на Перо Антиќ и Ѓорги Чековски од националниот состав го примора врвот на КФМ да реагира со натурализација на играч кој ќе дејствува под кошевите.
Американецот заедно со Предраг Самарџиски ќе бидат партнери под кошевите додека Владо Илиевски ќе ја преземе улогата на Мекелејб.
Македонија натпреварите на ЕП ќе ги игра во Хрватска, а покрај домаќинот во групата се наоѓа со Словенија, Грција, Грузија и Холандија.
Ohridnews