Бранителот на трофејот на меѓународниот ракометен турнир во Струга, Металург во финалето против Иври ќе го брани златното одличје. Француската екипа неочекувано го совлада македонскиот првак Вардар со 30-29 иако на полувреме „црвено црните“ имаа предност од четири погодоци.

Во последната рунда од втората група Металург лесно и убедливо славеше над Версај со 33-19 и го обезбеди мечот за одбрана на титулата освоена на јубилејното 40-ти издание на турнирот.

Третата рунда ќе се комплетира со натпреварот на домаќинот Струга и Брест Мешков, кој поради дождливото време беше одложен.

Големото финале на 41-то издание на ракометниот турнир во Струга е закажано за 21 часот, а претходно ќе се одиграат мечевите за останатите позиции.

Мх.П.