Хилтон нема да гради хотел во Охрид пишува економскиот магазин „Капитал“ . Во изјавата што ја пренесува овој весник, Никола Мекшејн, директор на одделот за комуникации во Хилтон за Европа вели дека Хилтон нема намера да гради хотел на Охридското езеро. „Нашата групација во моментов се фокусира на развивање на брендовите на хотелскиот синџир на клучните пазари“, изјави за “Капитал“, Мекшејн.
Само пред една недела градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, тврдеше дека групацијата „Соравија“ која победи на тендерот за продажба на 15,5 илјади метри квадратни атрактивното земјиште кај Горица 3, изградбата на Хилтон ќе ја започне оваа есен.
локацијата на која требаше да се гради „Хилтон“
Петрески неодамна требаше да отпатува во Виена на разговори со менаџментот на Хилтон но средбата беше одложена. Градоначалникот за охридските медиуми изјави дека тој не отпатувал во Виена поради проблеми со авионот со кој требало да лета, но дека тоа не значи дека пропаднал дилот до Хилтон. „Изградбата на Хилтон во Охрид ќе започне во септември“, изјави тогаш Петрески кој веќе виде и 3,5 милиони евра во градската каса на име комуналии. Но „Соравија“ не ги уплатила потребните средства за купување на земјиштето во Горица 3 во предвидениот рок, што било потврдено и од Министерството за транспорт.
Од бизнисот по се изгледа нема ништо оти менаџментот на Хилтон се предомислил и наместо во Македонија ќе инвестира во некоја друга земја од Југоисточна Европа.
Комплетната статија околу проблематизирањето на изградбата на Хилтон во Охрид, како што најавуваат од „Капитал“, а пренесуваат дел од електронските медиуми во земјава ќе биде објавена во изданието што во печат излегува на 26 јули.
ohridnews