Доналд Трамп нема да биде отповикан од функцијата претседател на САД, откако американскиот Сенат вечерва ги отфрли обвинувањата против него, со што официјално заврши двонеделното судење на кое му претходеше неколкумесечна иницијатива на Демократите, пренесува „Гардијан“.
Исходот од гласањето е очекуван со оглед на тоа што Републиканците имаат мнозинство во американскиот Сенат.
Трамп се товареше дека го прекршил законот минатата година кога ја запрел исплатата на воената помош од 391 милион долари за Украина, одобрени од Конгресот, како и дека вршел политички притисок на Киев да отвори истрага за неговиот политички ривал Џо Бајден и неговиот син Хантер.
Со 52:48, Републиканците ги надгласаа Демократите, на кои не им помогна ниту гласот на републиканскиот сенатор од Јута Мит Ромни, кој стана првиот во историјата на САД кој гласал за отповикување претседател од сопствената партија.
Оваа година во САД е изборна. Претседателските избори ќе се одржат во ноември, а се очекува Трамп да се бори за втор мандат.
OhridNews