После одложувањето на редовното коло во двете Втори лиги следуваше одложување на мечевите од Третите и Општинските лиги ширум Македонија.
Снежнката покривка, температурите под нулата и лошата состојба на стадионите ширум земјата си го направија своето и „бубамарата“ ќе мирува овој викенд во нашата земја. Одложени се натпреварите во младите категории и Детската фудбалска лига.
Охриѓани немаат место да бидат разочарани поради одложените фудбалски мечеви, бидејќи на менито им остануваат возбудувањата во СРЦ „Билјанини Извори“. В сабота со почеток во 13 часот започнуваат четвртфиналните мечеви во Бизнис лигата во мал фудбал, а во 19 часот на програмата е ракометниот спектакл помеѓу Охрид – Вардар.
В недела во 11 часот избраниците на Наум Бабачев ќе ги одмерат силите со битолски Пелистер во Младинската ракометна лига, а во 14 часот младинците од КК АВ Охрид ќе го пречекаат тимот на Струмица. Богатиот спортски викенд ќе заврши со дуелот помеѓу АВ Охрид и МЗТ Скопје в недела со почеток во 17 часот.
OhridNews