Непопуларни но за жал очекувани потези повлекоа македонските женски ракометни европреставници Кабран Амбалажа и Фон Универзитет кога се во прашање настапите во европските купови.
Двата тима своите натпревари со Гјерпен (Кабран) и Спартак Киев (Фон У.) ќе ги играат како гости во Норвешка, односно Украина.
Ваквите потези стануваат нормална практика за се повеќе македонски екипи. Единствената релевантна причина се парите, со кои “кубурат“ нашите клубови па евентуалното играње дома-гости го доведува во опасност и опстојувањето на екипите.
Струшки Фон Универзитет долго време преговараше со Украинците. Идејата беше да се играат два меча во Киев или два во Струга. Но откако Украинците не прифаќаа таква “шема” постигнат договор да се играат двата натпревари во Киев.
По пауза од речиси 10 години стружани овај пат преку Фон Универзитет (елиминација од Ларвик, 1998 година) повторно ќе излезат на европската сцена.
За жал ние тоа нема да го видиме …..