Кошаркарскиот репрезентативец на Србија, Милош Тедосиќ кариерата ќе ја продолжи во Италија, откако потпиша договор за соработка со Виртус Болоња.

Теодосиќ половина година беше клупски ангажман после заминувањето од НБА лигата. Како негова следна дестинација се споменуваа Црвена Ѕвезда и други клубови, но тој се одлучи да ја прифати понудата од италијанскиот состав.

Српскиот репрезентативец ќе биде темел на новиот проект во тимот на Виртус кој ќе има задача да го врати клубот на врвот од италијанската кошаркарска лига и да обезбеди пласман во Евролигата, бидејќи моментално се натпреварува во Еврокупот.

OhridNews