Без нови имиња, со стандардиот состав селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Сречко Катанец  ќе и се спротистави на селекција на БиХ на пријателскиот натревар со што ќе се одигра во Зеница на 26.Март во 20ч.

Имаме одличен противник, по рејтинг веднаш зад нас што гарантира добра контролка за она што не очекува на стартот од септември. Тоа е селекција која во последно време игра добро во квалификациските циклуси, рамноправно со сите противници. Не треба да потсетувам дека во своите редови секогаш имале талентирани играчи со многу прволигашки клубови во поранешна СФРЈ. Моите информации велат дека за овој натпревар ќе бидат вратени некои од играчите кои бојкотираа извесен период. Репрезентација за респект со многу играчи кои настапуваат во силните европски клубови. За нас е најважно да одиграме добро. Да ги искористиме двата тренинга во Сараево бидејќи секоја нова средба со играчите носи и нови информации и секако нов квалитет- рече на веб сјатот на ФФМ Катанец.

Во зависност од бројот на пријателски натпревари во мај, селекторот Катанец планира да спроведе трениг камп во Охрид  на кој ќе бидат повикани повеќе потенцијални репрезентативци кои со својата работа и квалитет ќе треба да се наметнат кај селекторот.

За дел од изјавите на пошникот во стручниот штаб Умери, Катанец вели:

 –  Лично мислам дека ако има некој проблем тој не би требало да го решаваме преку печатот, бидејќи за овој период додека соработуваме не сум добил таков сигнал од негова страна. Во секој случај доколку има проблем мислам дека лесно ќе го надминеме.

Повикани играчи за пријателскиот натпревар со БиХ.

ГОЛМАНИ:  Милошевски Петар , Пачовски Томе ( Работнички К.)

ОДБРАНА: Седлоски Гоце (Матерсбург, Австрија) Митрески Игор (Енерџи Котбус, Германија), Лазаревски Владе (Металист Харков, Украина), Вајс Мирослав (Работнички Кометал ), Новески Николче ( Мајнц, Германија), Попов Горан (Левадијакос, Грција)

СРЕДЕН РЕД:
Шумуликоски Величе (Ипсвич т. Англија), Грозданоски Влатко (Војводина,Србија), Тасевски Дарко (Левски, Бугарија), Положани Артим (Динамо, Албанија), Трајанов Ванчо (Черномерец, Бугарија), Јанчевски Игор ( Енозис Неон, Кипар)

НАПАД
Пандев Горан (Лацио, Италија), Стојков Ацо ( Дебрецин, Унгарија),Мазнов Горан ( Томск, Русија) ,Наумовски Илчо ( Матерсбург, Австрија)

За натпреварот со БиХ собирот на репрезентативците е в понеделник 24.март во Сараево.