Ракометарите на Охрид по поразот од Радовиш на теренот од противникот уште повеќе си ги закомпликуваа работите во Супер лигата.


Ниту резултатите од другите натпревари во 13-та рунда од Супер лигата не им одат во прилог на охриѓани кои сезонава шест пати капитулираа.

Второпласираниот Прилеп со 32-25 го совлада тимот на Преспа во Ресен и се приближи од обезбедување на место во плејофот.

Лидерот на табелата Зомимак очекувано пред своите гледачи лесно се справи со Работнички победувајќи го 36-30.

Во дербито на колото ќе се сретнат Металург 2 и Тинекс Пролет, а Пелистер со победа над Текстилец ќе се одлепи од Охрид четири бодови на табелата.

Резултати : Преспа – Прилеп 25-32, Радовиш – Охрид 36-31, Зомимак – Работнички 36-30, Тинекс Пролет – Металург 2, Текстилец – Пелистер.

Табела : Зомимак 39, Прилеп 28, Металург 2 24 (-2), Радовиш 21, Тинекс Пролет 18 (-1), Пелистер 18 (-1), Охрид 17, Работнички 13, Преспа 6, Текстилец 0 (-2).

Мх.П.