Во третата рунда од Втората кошаркарска лига охридските кошаркари гостуваат во Гостивар кај истоимената екипа.


Тимот на Гостивар исто како и Охрид во досегашните два натпревари има забележано две победи со убедлива кош разлика и затоа дуелот меѓу двете екипи го носи епитетот дерби на колот.

– Ќе биде вистинско не второлигашкото туку прволигашко дерби. И ние и тие во своите редови поседуваме играчи кои слободно можат да бидат дел од елитата. Се знаеме едни за други, нема нешто што можиме да скриеме, но ние одиме на победа без дилеми и размислување. – рече охридскиот стратег Петар Чочорски.


Охридскиот состав ќе биде посилен за Славиша Јанески и Дарко Димковски кои ги пропуштија првите натпревари од новата сезона.

Дербито на колото во Втората кошаркарска лига се игра в сабота во Гостивар со почеток во 17 часот.

Двојки : Гостивар – Охрид, Пелистер – Ангели, Водњански – Радовиш, Тетекс – Шкупи, Вардар – ФМП Академија.

Табела : Охрид 4, Гостивар 4, Вардар, Водњански Л. 4, Академија ФМП 3, Пелистер 3, Тетекс 3, Шкупи 3, Радовиш 3, Ангели 3.

Мх.П.