И оваа година туристите кои доаѓаат во Охрид на автобуската станица ги пречекува иста слика. Жешко сонце и агресивни станоиздавачи кои уште несимнати од автобус ги влечат гостите за рака нудејќи им ги своите услуги. И повторно тоа се толерира иако на самата автобуска станица постои туристичко информативно биро, чии вработени секојдневно се сведоци на тортурата врз гостите. Така периферијата на Охрид неретко се нуди како сместување во близина на центарот на градот, по цени кои ни малку не отскокнуваат од вообичаените. Со тоа се оштетени и туристите и вистинските туристички работници.



Соба требит?

Ohridnews