Големата трагедија со бродот „Илинден“ ги промени состојбите во водниот сообраќај во Охрид. Бродовите редовно сообраќаат на предвидените дестинации, нема откажувања на закажаните тури, но затоа зголемена е внимателноста како на посадите, така и на патниците. За тоа сведочи и сликата која вчера ја затекнавме на Охридското Езеро. Преполните бродови блештеа од портокаловата боја на елеците за спасување. Ако порано во Охрид беше реткост да се види патник во брод со елек за спасување, сега реткост е да се види патник кој на себе нема елек за спасување. Веројатно несреќата од 5-ти септември ќе промени многу работи во слабо организираниот сообраќај на Охридското Езеро, но дали требаше да се случат толку многу несреќи за да почнеме да размислуваме за подобрување на безбедноста на патниците и учесниците во водниот сообраќај?


Ништо не е како порано

Ohridnews
фото: Васко Бујароски