Вчера околу 02,15 часот во Охрид на ул.„Македонски Просветители“бб, во близина на пекарата „Арома“, од страна на полицијата по интервенција за извршен физички напад од лицето Ј.Б.(1990) од Ниш-Р.Србија, врз Д.С.(1987) од Охрид, приведени се српските државјани: М.К.(1990), Д.Ѓ.(1990), и Н.Ј.(1990).

При приведувањето на горенаведените лица истите ги спречиле полицајците во вршењето службено дејствие, при што со рацете удирале по службеното возило. Во еден момент почнале да го влечат полицаецот по униформата, рацете и телото. Од страна на полицаецот над лицата употребено е средство за присилба при што истите се доведени во послушност и се приведени во ПС-Охрид. Против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ohridnews