Првиот човек на Ниш, Зоран Перишиќ,  на еден сосема уникатен начин ја прославил новогодишната ноќ. Тој со цел да ги дознае проблемите на граѓаните, на „најлудата“ ноќ во годината возел градско такси, пренесува „РТВ Белами“.

Оваа регионална телевизија пренесува дека Перишиќ се снашол одлично како такси возач, а ретко кој од граѓаните го препознале. „Никогаш не помислив дека за време на новогодишната ноќ ќе ме вози градоначалникот. Мислев дека е само расположен возач.“ – изјавила девојка која се се возело во таксито на градоначалникот.

Според Перишиќ, граѓаните сакале повеќе спортски случувања, зоолошка градина, аква парк и поголема јавна хигиена. Некои дури барале да се истражи Нишката тврдина. Дали овие барања на нишлии ќе се остварат, ќе покаже времето. Но во секој случај, овој интересен чин на еден градоначалник е за поздравување.

OhridNews