Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ги комплетираше полуфиналистите на Австралија Опен. Српскиот тенисер речиси без борба обезбеди пласман во ТОП 4, откако противникот Кеи Нишикори го предаде мечот после нецели два одиграни сетови.
Јапонскиот тенисер не можеше да го издржи жестокото темпо на Ѓоковиќ. Српскиот тенисер максимално ја користеше исцрпеноста на Нишикори кој на терените до 1/4 финалето помина дури 14 часови. Првиот сет му припадна на Ѓоковиќ 6-1, а Нишикои после пет одиграни гема во вториот сет Јапонецо се предаде со тешко срце.
- Не очекував вака дека ќе се одвиваат работите. Жал ми е за Нишикори со кој имам одиграни неколку интересни мечеви последниов период. Му посакувам брзо опоравување и се надевам дека не е ништо сериозно. – изјави Ѓоковиќ после мечот со Јапонецот.
Ривал на првиот рекет во светскиот тенис во полуфиналето ќе биде Лукас Поуиле кој во 1/4 финалето го совлада Милош Раониќ во четири сетови (7-6, 6-3, 6-7, 6-4).
OhridNews