Групите „Нирвана“, „Кис“ и Питер Габриел ќе бидат примени во рикенрол куќата на славните идната година. Како што пренесуваат агенциите, во Куќата на церемонија на 10 април во Бруклин, ќе бидат примени и Хал и Оутс, Линда Ронстат и Кет Стивенс.

Уметниците можат да бидат примени 25 години по објавувањето на првиот албум. „Нирвана„ следната година прославува четврт век од објавувањето на деби албумот “Bleach”. Групата ќе биде примена и 20 години по самоубиството на фронтменот Курт Кобејн. Менаџерите на “Rolling Stones” Ендру Луг Олдам и Брајан Епстајн ќе добијат награди Ахмет Ертеган, додека бендот на Брус Спрингстин “E Street Band” ќе добие награда за музичка исклучителност.