Нинџите не се познати по својата мека страна, но група борци во црни одела му пришла на помош на еден студент во Сиднеј кој бил нападнат од крадци. Тие ги избркале тројцата напаѓачи кои нападнале еден германски студент по медицина пред нивното училиште за боречки вештини.


Еден од мајсторите на оваа вештина го водел нападот и им рекол на своите ученици да излезат и да им се спротивстават на крадците. Нинџата Стив Ешли рекол дека крадците го избрале веројатно најлошото место за напад во целиот Сиднеј.