За престижноста на оваа годишна Награда доволно зборува фактот дека Здружението на музичко-балетските педагози е член на европската Асоцијација, а наградата ја доделува според строги критериуми преку кои се мери успешниот придонес во афирмацијата на музичкото и балетско образование.
Професор Момироска со својата педагошка работа е посебно заслужна што веќе подолго време музичкото училиште од Охрид постигнува врвни резултати во соло, групни или оркестарски настапи на меѓународни и државни натпревари и првенства. Плејада ученици од ова училиште токму годинава освоија десетици први места, специјални награди и пофалници во поединечни настапи, а беа и најуспешно училиште на годинешниот државен натпревар на музичките училишта.