Стрелачката и учесничката на Олимписките игри во Рио де Жeнеиро, Нина Балабан прогласена е за најдобар спортист во Охрид за 2016 година.
Балабан втор пат го понесува ова престижно признание, откако на тронот во родниот град се искачи и во 2013 година.
Сојузот на спортови кој го организира прогласувањето на најдобрите посебна награда постхумно ќе му додели на Проф. Влатко Димитров, а наградата за животно дело годинава му припадна на Миодраг „Миле“ Христовски.
Кошаркаркиот клуб АВ Охрид и ракометниот клуб Охрид се прогласени за најдобри клубови, а меѓу десетте перспективни спортисти има од секои области.
Најчитаниот интернет портал во регионов, OhridNews прогласен е за најдобар презентер на спортски во 2016 година. OhridNews десет години несебично го поддржува спортот и е верен пријател на спортистите.
Завршната церомонија ќе се одржи во среда на 8-ми февруари со почеток во 13 часот во големата сала од Општина Охрид.
Наградени:
Спортист на годината: Нина Балабан (Стрелаштво)
Најперспективни спортисти:
Давид Крстески (Теквондо/фудбал)
Христијан Чолески (Џиу Џицу)
Мартина Патчев (Кајак)
Викторија Алексиеска (Ракомет)
Јана Маркоска (Стрелаштво)
Мартин Иваноски (Ракомет)
Кристина Мојсоска (Фудбал)
Јована Кецкарова (Тенис)
Посебно признание: ОФС Охрид за 40 години успешна работа
Животно дело: Миодраг Христовски
Спортски презентер: OhridNews
Најуспешни портисти на годината: Славчо Миречски и Мартина Мироска (Атлетика), Крсте Андоновски (Ракомет), Едмонд Хоџа (Фудбал)
Најдобар спортски клуб: РК Охрид и КК АВ Охрид
Најдобар тренер: Петар Чочороски
OhridNews