Во Минхен, Германија од 26 до 30 мај се одржа Светскиот куп во стрелаштво организиран од страна на ИССФ (Интернационална спортска стрелачка федерација).

Од нашите стрелци учество зедоа Балабан Нина(воздушна пушка 10м), Ивановска Ана (воздушна пушка 10м), Пејева Емилија (воздушна пушка 10м) и Тасевски Јордан (воздушен пиштол 10м).


Интересен податок е што овој Светски куп е и најброен куп во историјата на стрелаштвото каде учество зедоа над 2000 врвни стрелци во сите дисциплина. На овој куп стрелците беа во прилика да ја проверат својата форма пред Европски Игри кој за прв пат се организираат и се оджуваат во Баку, Азербеџан.

Нашите стрелци покрај настапот имаа и можност да ја сервисираат и штеловаат својата опрема, согласно нормите во нивните дисциплини.

Балабан се врати со резултат од 408,8 кругови, со што и ја потврди својата норма и со овој настап се врати во друштвото на првите 100 најдобри стрелци на светската ранг листа.

Ивановска Ана освои 402,5 кругови, Пејева Емилија освои 380,5 кругови а Тасевски Јордан освои 557 кругови

Ohridnews